Историја и важни делови на Општината на Свети Николе
Оваа црква била изградена врз темелите на старата црква. Темелите биле осветени на 25 октомври 1983 година од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј. Храмот бил осветен на 14 октомври 1990 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Прочитај повеќе
Географска положба
Демографија
Земјоделството во Свети Николе
Земјоделие – развиеност и ресурси
Овчеполието е познат земјоделско-сточарски регион. Луѓето од овој крај се занимавале со земјоделство, бидејќи регионот изобилува со почва од повеќе класи, со посебна внатрешна вредност-бонитет, голем број на сончеви денови и систем за наводнување. Со тоа се исполнети условите за одгледување на житни, индустриски и градинарски култури. Економското значење на земјоделството може да се види од неговото 38,8% учество во структурата на општествениот производ во општината, што претставува стратешки фактор за развој на целокупниот економски живот.
Историјат на Свети Николе
Свети Николе како населба датира уште од античкиот период, а во самиот град се најдени артефакти дури и од далечниот неолит. Првобитно населбата била лоцирана североисточно од денешната црква „Свети Стефан“, но поради мочурливото земјиште и несоодветните услови за живот, кон крајот на 3 век пред н.е. населбата била дислоцирана на десната страна на денешната Светиниколска река, во месностите: Рудина, Свети Спас и денешно Рецко маало во градот. Најверојатно старото име на населбата било Пробатон, што околу седмиот век било променето во Овче Поле. Во средновековните пишани извори Овче Поле како населба (со тврдина во него) и како област се споменува во 13 век. Во 1246 година Никејската војска, покрај другите места во Македонија, го завзела и Овче Поле. Во вековите подоцна, како и тие претходно, многу владетели ја менувале власта врз оваа огромна македонска котлина.
Економијата на Свети Николе
Во општина Свети Николе најразвиени стопански дејности се: прехрамбената индустрија, текстилната индустрија, трговската дејност, услужната дејност, земјоделството и сточарството.
